Потпишале и дополнителни договори

Фајзер очекува 26 милијарди долари приходи од вакцината

Американската фармацевтска компанија Фајзер соопшти дека очекува оваа година да продаде 1,6 милијарди дози од вакцината против коронавирусот, во вредност од 26 милијарди американски долари.

EPA-EFE

Компанијата кон крајот на февруари процени дека до крајот на годината ќе продаде дози за околу 15 милијарди долари, пренесува Асошиејтед прес. Фајзер во меѓувреме потпишал дополнителни договори, меѓу другото и со Европската комисија.

Компанијата денес соопшти дека се постигнати договори и со Канада и со Израел за обезбедување дози од вакцината по оваа година, како и дека преговара со бројни други држави.

Се очекува вкупниот приход на Фајзер годинава да биде меѓу 70,5 и 72,5 милијарди долари, во споредба со претходно предвидените 59,4 милијарди и 61,4 милијарди.

Компанијата уште во првото тромесечје продала вакцини за 3,5 милијарди долари.

Нето добивката на компанијата е зголемена за 45 отсто на 4,9 милијарди евра, додека акциите во електронското тргување пред отворањето на берзата на Волстрит пораснале за 1,3 отсто.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе