Ќе доцни една недела

Фајзер ненадејно јави дека не може да ги испорача договорените дози

Американската компанија Фајзер, која во соработка со германската лабораторија Бајонтек ја разви вакцината против ковид-19, денес изнесе план кој би требало да овозможи најавеното доцнење на испораките да се ограничи на една недела.

EPA-EFE

„Фазер и Бајонтек развија план кој ќе овозможи зголемување на производните капацитети за Европа како и испорака на значително поголем број вакцини во второто тромесечје“, се наведува во заедничкото соопштение на двете компании.

Земјите од ЕУ кои ја нарачаа вакцината на Бајонтек/Фајзер стравуваат дека испораките на дозите би можеле да стигнуваат со задоцнување од „три до четири недели“.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави од Лисабон дека Фајзер ѝ гарантирал дека на време ќе ги достави предвидените дози за првиот квартал.

Фајзер соопшти дека „почнувајќи од 25 јануари се враќаме на првичниот распоред на испораки за земјите од Европската Унија, а од 15 февруари ќе ја зголемиме испораката“, се наведува во соопштението.

„За ова да го реализираме, мораме да спроведеме одредени измени во производниот процес“.

Американски Фајсер и германски Бајонтек ненадејно предупредија дека до почетокот на февруари не се во можност да им ги испорачаат на земјите од ЕУ претходно договорените неделни количества од вакцината.

Германија напомена дека темпото на испораки ќе се „развлече на три до четири недели“.

Во најновото соопштение за јавност Фајзер и Бајонтек известија дека фабриката во Белгија во која се произведува вакцината „идната недела привремено ќе го намали количеството дози за испорака“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе