Фајзер: Нашата вакцина функционира против британскиот и јужноафриканскиот сој на корона

Фармацевтскиот гигант Фајзер, чија вакцина против ковид-19 се дистрибуира ширум светот, ги објави резултатите од новата студија за ефикасноста на таа вакцина против новите видови на коронавирус.

Фото: ЕПА

Според таа лабораториска студија, мутациите на коронавирусот идентификувани во јужноафриканскиот и британскиот сој имаат само мало негативно влијание врз ефективноста на антителата генерирани од вакцината на Фајзер.

Антителата кои се формираат по администрација на вакцината биле само малку помалку ефикасни против мутациите во варијантата идентификувана во Јужна Африка, според резултатите од студијата што сè уште не поминала рецензија.

Имено, со појавата на нови соеви на вирусот, истражувачите се обидуваат што побрзо да утврдат дали постојните вакцини се ефикасни и против нив. Студијата на Фајзер е во согласност со резултатите од претходни студии.

Сепак ова се само прелиминарни резултати. Студијата на Фајзер е спроведена во лабораторија и е тестирана само на дел од мутациите кои се најдени во новите соеви на вирусот, а не и на самите нови соеви. Покрај тоа, истражувачите не заклучиле дали резултатите од најновата студија се статистички значајни.

Овие резултати, исто како и резултатите од претходните студии, сугерираат дека влијанието на новите соеви на вирусот врз ефикасноста на вирусот треба да биде „релативно скромен, што е добра вест за вакцините“, рече Џејсон Меклелан, биолог на тексашкиот универзитет во Остин.

Фајзер во соопштение за јавноста изјави дека „резултатите сугерираат дека не е потребна нова вакцина за новите видови на коронавирус“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе