вторник, 23 април 2024

Вујовиќ доби отказ, па тримесечна суспензија

Веселин Вујовиќ синоќа беше отпуштен од Нексе поради лошите резултати, а денеска дисциплинскиот судија при Хрватската ракометна федерација му изрече суспензија од три месеци.

Објавено на

часот

Сподели

Дисциплинскиот судија донесе одлуки за големиот инцидент кој се случи на мечот меѓу Нексе и Загреб одигран на почетокот од април.

Натпреварот од хрватското првенство меѓу Нексе и Загреб беше прекинат во последната минута од првото полувреме. Загреб имаше предност од 16-9 кога се случи инцидентот. Делегатот на мечот, Анте Јосиќ падна на паркетот откако играчот на Нексе, Марко Безјак на поминување го удри со рамото во грб. Настана голема мешаница, а мечот беше прекинат и регистриран со победа на Загреб од 10-0.

Дисциплинскиот судија му изрече суспензија од една година на играчот на Нексе, Марко Безјак, а тренерот Веселин Вујовиќ доби забрана за извршување на тренерската функција од три месеци. Четири меча суспензија доби ракометарот Андраж Велкаврх.

Вујовиќ синоќа доби отказ од Нексе, повеќе не е дел од овој клуб.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ