Ковид-19

Фајзер го повлече барањето за одобрување на вакцината во Индија откако регулаторот побара повеќе податоци

Фајзер соопшти дека го повлекол барањето неговата вакцина против ковид-19 да биде одобрена за употреба во Индија. Компанијата вети дека повторно ќе поднесе барање откако ќе собере повеќе податоци, ексклузивно пренесе Ројтерс.

Фото: ЕПА

Американскиот производител на лекови рече дека одлуката е донесена по состанокот со експертски панел од индискиот државен регулатор во средата.

„Врз основа на разговорите на состанокот и нашето разбирање дека на регулаторот можеби му требаат дополнителни информации, компанијата одлучи во овој момент да го повлече своето барање“, рече портпаролот на Фајзер во изјавата.

Компанијата додаде дека „повторно ќе достави барање за одобрување со дополнителни информации, кога тие ќе станат достапни во блиска иднина“.

Весникот Економик тајмс се повикува на владин извор што рекол дека Фајзер сакал откажување од клиничко испитување за неговата вакцина, развиена заедно со германската фирма Бајонтек, но регулаторот инсистирал на „премостувачка студија“ во Индија, со која експертите сакале да видат како ќе функционира вакцината кај индиското население пред да може да се одобри за општа употреба во земјата, објаснил изворот.

Винод К. Пол, шеф на владиниот панел за стратегија за вакцини, месецов за Ројтерс изјави дека премостувачката студија во Индија е „предуслов“ за секоја дозволена вакцина во земјата.

Индија почна национална кампања за имунизација на 16 јануари, користејќи локално произведена верзија на вакцината АстраЗенека-Оксфорд и вакцина наречена коваксин, направена од индиската фармацевтска компанија Бхарат бајотек.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе