Фајненшл тајмс: Фајзер и Модерна ги поскапеа вакцините во договорите со ЕУ

Компаниите „Фајзер“ и „Модерна“ ги зголемија цените на своите вакцини против коронавирусот во најновите договори за снабдување со земјите-членки на ЕУ, така што новата цена на вакцините „Фајзер“ е повисока за четири евра, додека „Модерна“ во иднина ќе чини 25,50 долари, објави Фајненшл тајмс, кој имал увид во договорите.

Фото: ЕПА

Вакцината на Фајзер против коронавирусот сега чини 19,50 евра по доза, наместо досегашните 15,50, додека таа на Модерна сега чини 25,50 долари по доза.

Фајненшл тајмс наведе дека во оригиналниот договор, цената на Модерна била 19 евра, и дека сегашните 25,50 долари сѐ уште се пониски од првично договорената цена од 28,50 долари, бидејќи побарувачката е зголемена.

Европската комисија во вторникот објави дека ЕУ е близу до целта да има најмалку 70% целосно вакцинирана возрасна популација до крајот на летото.

Фајзер и Модерна не одговориле на прашањето на Ројтерс за зголемувањето на цената на вакцините против ковид-19.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе