Се чека Британија

Европските лидери едногласно го усвоија договорот за брегзит

Европските лидери едногласно го поддржаа договорот за брегзит, формално испраќајќи го до британскиот парламент за ратификација.

Кабинетот на претседателот на Европскиот совет во твит објави дека лидерите поддржале изјава за повлекувањето на Велика Британија од Европската Унија.

Лидерите ги повикаа институциите на ЕУ да преземат чекори за договорот да влезе во сила на 1 ноември, но истакнаа дека тие сакаат „што е можно поблиско партнерство со Велика Британија во иднина“.

Британскиот премиер Борис Џонсон вети дека ќе ја изнесе земјата од ЕУ на 31 октомври и рече дека денешниот договор значи дека не е потребно ново одложување.

Сепак, сега мора да се согласи британскиот парламент, кој трипати го отфрлаше претходниот договор. Политичките ривали и некои клучни сојузници на Џонсон рекоа дека нема да го поддржат овој последен договор, доведувајќи ја во прашање неговата иднина.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе