Европскиот суд: Унгарскиот судија не може да биде казнет зашто барал совет од судот на ЕУ

Европскиот суд на правдата (ЕСЈ) пресуди дека судиите во земјите-членки на ЕУ имаат право да бараат совет од највисокиот суд на блокот и дека поради тоа не може да бидат подложени на дисциплински мерки.

Фото: ЕПА

Пресудата од 23 ноември е донесена во случајот на унгарскиот судија, кој е подложен на дисциплински мерки поради барање совет од ЕСЈ за потребните компетенции на преведувачите во предметите во кои странски државјани се обвинети за кривични дела, пренесува редакцијата Радио слободна Европа на англиски јазик.

Судијата барал насоки во случајот на шведскиот државјанин обвинет за кривично дело, кој не зборувал унгарски и чиј преведувач изгледа имал ограничени квалификации за таа задача, поради што се поставува прашањето дали обвинетиот ги разбирал обвинувањата против него.

Унгарија, во која владее националистичката десничарска партија Фидес на премиерот Виктор Орбан, се наоѓа во спор со ЕУ поради постојаните обиди да ја заузда независноста на судиите и нивното право да му проследуваат предмети на европскиот суд.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе