Раскол во ЕУ?

Европскиот парламент усвои резолуција против Европската комисија

Пратениците на Европскиот парламент усвоија денес резолуција со која е предвидена тужба против Европската комисија.

EPA-EFE

Тужбата ќе биде поднесена доколку Европската комисија не го исполни барањето на Европскиот парламент, поради неспроведување на механизмот за условеноста на користењето на европските фондови со почитувањето на владеењето на правото.

Инструментот кој ја поврзува употребата на европските фондови со почитувањето на владеењето на правото е на сила од 1 јануари 2021, а пратеници во резолуцијата истакнуваат дека Комисијата сè уште не презела конкретни мерки според новите правила и дека не дала насоки за спроведувањето на уредбата до 1 јуни, што е крајниот рок кој Европскиот парламент го одреди во март.

Европскиот парламент затоа му наложи на својот претседател Давид Сасоли во рок од две недели „да ја повика Комисијата да ги исполни своите обврски од уредбата“.

Парламентот во меѓувреме „веднаш ќе ги почне неопходните подготовки за можна правна акција против Комисијата според Договорот за функционирање на ЕУ“, се наведува во резолуцијата усвоена со 506 гласа. Против беа 150 пратеници, а 28 воздржани.

Договорот им овозможува на европските институции меѓусебно да се тужат пред Судот на ЕУ доколку сметаат дека дошло до негово кршење.

Унгарија и Полска, кои се процесирани поради можни кршења на владеењето на законите, во март поднесоа тужба пред Европскиот суд на правдата, кој ќе одлучи дали механизмот за условување го крши Договорот на ЕУ.

Комисијата на крајот на минатата година се согласи дека нема да постапува во согласност со уредбата сè додека не се усвојат насоки за нејзина примена.

Резолуцијата директно ја повикува Европската комисија „брзо да реагира на сериозните постојани нарушувања на владеењето на правото во некои држави членки, кои претставуваат сериозна закана за правична, правилна и непристрасна распределба на средствата на ЕУ“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе