Европскиот парламент: САД во пакт со Австралија и Британија, тоа ни е повик за будење

САД и понатаму се најважниот сојузник, но Европската Унија мора да ја гради својата стратегиска автономија, заклучија денес пратениците на Европскиот парламент во расправата за извештајот за иднината на односите на ЕУ и САД.

EPA-EFE

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жосеп Борел кажа дека Аукус, пактот на САД, Британија и Австралија е „повик за будење“ на Европската Унија и истакна дека промените во американското општество ќе влијаат врз улогата на САД во светот.

Борел смета дека САД по повлекувањето од Авганистан испратиле јасна порака како ќе ги распределуваат своите приоритети, а дека „ЕУ мора да биде спремна да се прилагоди на новата ситуација“, што значи поголема самостојност во одбранбените прашања.

„Односот со САД е силен темел на нашата слобода и благосостојба и мораме да продолжиме да го градиме, но во исто време да ја градиме нашата автономија бидејќи нашите интереси нема секогаш да бидат исти“, заклучи Борел.

Тој во своето обраќање истакна дека соработката со САД е многу подобра во областа на Западниот Балкан, што се покажало со неодамнешното решавање на кризата меѓу Косово и Србија, а како позитивен развој го спомна и укинувањето на визите за Хрватска.

Во опсежниот извештај се поздравува американското враќање на мултилатерализмот заснован на владеење на правото откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги повлече САД од низа меѓународни договори.

Во извештајот се поддржува координиран став кон Русија и Кина, се повикува на поголема координација во низа геополитички прашања, во зелената трансформација на економијата, борбата против авторитарните режими, пандемијата на ковид-19, климатските промени и тероризмот, како и во заговарањето на еднаквоста и развојот на нови технологии. Истовремено се истакнува потребата од јакнење на европската стратегиска и одбранбена автономија, комплементарна со НАТО пактот.

Кина во извештајот се нарекува „системски ривал и конкурент“, но се истакнува дека таа мора да биде важен партнер во борбата со низа глобални проблеми. Се изразува загриженост од фактот што Кина во изминатите три децении тројно ги зголемила своите емисии на штетни гасови и тие денес изнесуваат 27 отсто од вкупните штетни емисии во светот, поради што зелените политики на САД и ЕУ се недоволни без јасна посветеност на Кина на таа цел.

Европскиот парламент во извештајот ги повикува САД да ја укинат смртната казна и да го реформираат својот правосуден систем, и да го спроведат најавеното затворање на затворот во Гвантанамо. ЕУ го охрабрува Вашингтон и да гарантира праведен и отворен пристап до здравствениот систем и други социјални мерки, да го регулира поседувањето оружје и да се бори против расната нееднаквост.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе