Усвоен е предлогот на Европската комисија

Европскиот парламент повика на укинување на визите за Косово

Европскиот парламент го усвои денес предлогот на Европската комисија со кој од членките на Европската Унија се бара визна либерализација за граѓаните со косовски пасоши.

Комесарот на ЕУ за внатрешни прашања Димитрис Аврамопулос изјави дека е задоволен од фактот дека Европскиот парламент ја препознал важноста на безвизниот режим за Косово.

„Не станува збор само за препознавање на нивните напори, туку и за осигирување на безбедноста и стабилноста во регионот. Станува збор за европската перспектива на целиот регион“, кажа Аврамопулос.

Тој потсети дека Европската комисија во јули 2018 година потврди дека Косово ги исполнило сите услови за визна либерализација, вклучувајќи ја и демаркацијата на границата со Црна Гора и јакнењето на борбата против организираниот криминал и корупцијата.

„Ќе обезбедиме уште подобра соработка, со тоа што ќе ги приближиме. Не може постојано да се поместува целта“, кажа Аврамопулос и предупреди дека, во спротивно, постои ризик Косово да го сврти грбот и да почне да се одалечува од ЕУ.

Известувачката за визна либерализација во Европскиот парламент Тања Фајон кажа дека Косово останало „црна дупка на Западниот Балкан“ кога станува збор за визите, и ја повика ЕУ веднаш да реагира.

Дел од членките на ЕУ не ја поддржуваат визната либерализација за Косово поради страв од емиграцискиот ризик и проблемите кои Европската Унија веќе ги имаше со приливот на азиланти од таа територија.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе