Европскиот парламент одобри воведување дигитални сертификати за вакцинација

Европскиот парламент го поддржа воведувањето на дигитални ковид сертификати на ЕУ дека некое лице е вакцинирано, има нов негативен резултат на тестирање или го преболел ковид-19, што ќе го олесни патувањето во Унијата.

EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Во вторникот вечер на пленарна седница во Стразбур, европратениците го одобрија воведувањето на дигитални зелени сертификати од 1 јули со 546 гласа за, 93 против и 51 воздржан за граѓаните на ЕУ и 553 гласа за, 91 против и 46 воздржани за државјани на земји надвор од ЕУ, објави Европскиот парламент во среда.

Иницијативата беше претставена од Европската комисија на 17 март, по што беше покрената итна постапка за воведување на сертификатите.

Иницијативата има за цел да воспостави единствени европски правила за прекугранично движење пред летната туристичка сезона, за повторно да се поттикнат патувањата и да се придвижи економското закрепнување, со отстранување на сомнежите што кај патниците се создадени од различни национално одредени карантини, тестирања и други мерки.

Дигиталните зелени сертификати треба да започнат да се применуваат на 1 јули 2021 година и да важат 12 месеци.

Дигиталниот зелен сертификат, кој ќе се применува за период од 12 месеци, ќе „докажува“ три работи. Дека лицето преболело корона, дека е вакцинирано или има негативен тест во последните 72 часа.

Тоа нема да биде предуслов за слободно движење и нема да се смета за патна исправа.

Ќе се издава бесплатно од националните тела и ќе биде достапен во дигитална и хартиена форма и ќе содржи QR-код.

Обезбедени се и 100 милиони евра за набавка на тестови за да се направи тестирањето достапно и прифатливо за граѓаните.

Известувачот на ЕП за иницијативата за воведување дигитални зелени сертификати и шпанскиот европратеник Хуан Фернандо Лопез Агилар ја отворија дебатата на пленарната седница, истакнувајќи дека оваа иницијатива е една од најбрзо донесените во парламентот.

„Со неа Европската комисија сака да реши еден од најсериозните проблеми предизвикани од пандемијата, суспензијата на Шенген и ограничувањето на слободата на движење“, рече Агилар.

Доколку некои држави одлучат да воведат дополнителни ограничувања, Агилар истакна дека „тие мора на јасен начин да им го најават тоа на граѓаните 48 часа однапред и 24 часа пред да стапат на сила самите мерки“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе