Европскиот парламент го одобри трговскиот договор со Лондон

Европскиот парламент го одобри трговскиот договор на ЕУ со Велика Британија по брегзитот, покажуваат резултатите од гласањето објавено утрово.

Фото: ЕПА

Европарламентот синоќа гласаше за договорот со 660 гласа, петмина беа против, а 32 беа воздржани од присутните 697.

Синоќа претседателот на парламентот Давид Сасоли го поздрави гласањето за „најамбициозниот договор што ЕУ некогаш го склучила со некоја земја“.

Договорот веќе е ратификуван од Велика Британија и условно стапи во сила до прифаќањето во Европскиот парламент.

Покрај гласањето за договорот, Европскиот парламент усвои и необврзувачка резолуција во која пратениците го оценуваат брегзитот како „историска грешка“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе