Европскиот парламент бара воведување санкции на Турција

Европскиот парламент усвои резолуција со која се бара воведување санкции на Турција поради ставот околу кипарскиот проблем, се наведува во соопштението на ЕП.

EPA-EFE

„Пратениците го повикаа Европскиот совет да го сочува единството кон едностраните и незаконски акции на Турција и да воведе строги санкции“, се наведува во документот.

Резолуцијата ја поддржаа 631 пратеник, тројца беа против а 59 воздржани.

Како што се наведува во резолуцијата, „долгорочното решение на конфликтот ќе биде можно како резултат на дијалог, дипломатски напори и преговори“. Како што сметаат пратениците на Европскиот парламент, решението на кипарскиот проблем би требало да се заснова на единствена федерација на турската и грчката заедница на островот.

„Пратениците ја повикуваат Европската Унија  да игра поактивна улога во преговорите под покровителство на Обединетите нации“, се наведува во резолуцијата.

Претседателите на државите и владите на ЕУ би требало на следниот самит на 10-11 декември да го разгледаат прашањето на односите кон Анкара.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе