Европскиот парламент бара суспендирање на преговорите за прием на Турција во ЕУ

Европскиот парламент побара да бидат суспендирани преговорите за прием на Турција во членството на Европската Унија, но не побара целосен прекин на преговорите.

Пратениците изразија загриженост поради лошата ситуација во областите на почитувањето на човековите права, владеењето на правото, слободата на медиумите и борбата против корупцијата во Турција.

Европскиот парламент поради тоа препорача да се суспендираат актуелните преговори за приемот на Турција во ЕУ.

Конечната одлука треба да ја донесе Европскиот совет во кој се наоѓаат претставници на повеќе влади на земјите членки на ЕУ.

Преговорите на Турција за можниот прием во Европската Унија почнаа во 2005 година, но се во застој поради напнатите односи на Брисел и Анкара.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе