Европскиот парламент бара прекин на изградбата на Северен тек 2

Европскиот парламент планира од Европската Унија да побара да сопре изградбата на гасоводот Северен тек 2 и да воведе санкции против Русија поради апсењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални, пишува германскиот весник Шпигл, повикувајќи се на нацрт резолуција.

EPA-EFE

„По рускиот напад на Навални мораме да зборуваме и за прашањето на енергетиката. Тоа за нас е најголемиот аргумент. А проектот Северен тек 2 е една од приликите да се изврши дополнителен притисок. За Русија нема едноставни жалби“, изјави за Шпигл лидерот на фракција во конзервативно-центристичката Европска народна партија Мафред Вебер.

Резолуцијата се спремни да ја подржат фракции на конзервативците, социјалдемократите, либералите и зелените, прецизира весникот. Санкциите може да бидат воведени против „физички и правни лица кои се вклучени во одлуката за апсење на Навални“, како и одговорните за нападите врз опозицијата: руските олигарси, членовите на најтесниот круг на претседателот Владимир Путин, како и „медиумските пропагандисти“.

Ограничувањата ќе подразбира замрзнување на имотот во Европската Унија и забрана за влез во земјите од ЕУ.

„Европската Унија повеќе нема да биде место за гостопримство на руското богатство од непознато потекло“, наведува весникот цитат од резолуцијата.

Гласањето ќе биде одржано на 21 јануари. Ако резолуцијата се усвои, санкциите нема да бидат наметнати автоматски, туку може да бидат применети само со одлука на сите 27 членки на ЕУ преку механизмите на Советот на ЕУ.

Претходно извор од ЕУ кажа дека темата на апсењето на Навални може да биде отворена и утре на видео-конференцијата на лидерите на државите на ЕУ, а подетално разгледување се очекува на 25 јануари на кое ќе учествуваат сите министри за надворешни работи на членките на ЕУ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе