Во Европската комисија

Европскиот начин на живот веќе нема да се „штити“, туку ќе се „промовира“

Новоизбраната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Леен, реши да го смени името на ресорот што досега креваше најголема прашина, така што новото име ќе биде „Промовирање на европскиот начин на живот“, наместо досегашното „Заштита на европскиот начин на живот“. 

Стариот назив доби многу критики дека има екстремнодесничарска конотација, затоа што „може да се сфати дека описот на работата вклучува заштита на европскиот начин на живот од мигрантите“.

Воведени се и некои други промени во имињата на ресорите, потврди денес Комисијата.

Оваа информација ја потврди портпаролот на транзицискиот тим на Урсула фон дер Леен, Ерик Мамер, а прв ја објави клубот на пратеници социјалисти и демократи во Европскиот парламент.

Грчкиот член на новиот тим на Европската комисија, Маргаритис Шинас, е именуван за заменик-претседател за промовирање на европскиот начин на живот, а во неговиот ресор спаѓа и прашањето на миграцијата.

Освен овие промени, идниот луксембуршки комесар Николас Шмит, кој е назначен за комесар за труд, ќе биде комесар за труд и социјални прашања, а на комесарот Виргиниус Синкевичиус, задолжен за животна средина и море, ќе му биде додаден и риболовот.

Италијанецот Паоло Џентилони, комесар за економија, во Комисијата ќе биде одговорен за следење на спроведувањето на одржливите развојни цели на ООН. Судејќи според реакцијата на пратеничкиот клуб на социјалистите и демократите, овие одлуки може да обезбедат поголем број гласови за новата Комисија кога ќе бидат потврдени во Европскиот парламент.

„По неколкудневните преговори со новоизбраната претседателка на Европската комисија, утрово претседателката на пратеничкиот клуб С&Д, Иратксе Гарсија, доби потврда од Урсула фон дер Леен дека прифаќа голем број важни барања на социјалистите и демократите“, се вели во соопштението.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе