Европскиот комесар за економија: На еврозоната ѝ се заканува распад

Рецесијата која е последица на кризата со коронавирусот станува сѐ подлабока, се заканува дури и распад на еврозоната, зијави европскиот комесар за економија Паоло Џентилони во интервју за германски Велт.

EPA-EFE

Џентилони истакна дека економиите на Италија, Франција и Шпанија паѓаат за 10-11 отсто, а на Данска, Полска, Шведска и Германија за 4-6 отсто.

„Последните економски податоци предупредуваат: рецесијата е подлабока отколку што се очекуваше, економскиот развој на државите во еврозоната станува понерамномерен, отколку што беше прогнозирано на пролет. Тоа на што секогаш предупредувавме се случува: рецесијата поради ковид-19 се заканува да ја распадне еврозоната“, кажа еврокомесарот.

Според него, државите на ЕУ треба во најкраток можен рок да договорат план за обнова на економијата за јакнење на довербата во националните економии.

Претходно Европската комисија претстави план за основање фонд за спасување на ЕУ во висина од 750 милијарди евра. Како што беше планирано, државите членки на Унијата ќе добијат помош во вид на грантови (до 500 милијарди евра). Овој предлог Европската комисија ќе им го поднесе на државите членки и на Европскиот парламент, кои можат да го изменат.

Светската здравствена организација (СЗО) во март објави пандемија на новиот коронавирус. Според последните податоци на СЗО, во светот се откриени повеќе од 12,1 милиони случаи, додека над 551 илјада луѓе умреа од компликации поврзани со вирусот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе