Европски регулатор: Боинг 737 Макс смее повторно да лета во Европа

Европската агенција за безбедност на воздушниот транспорт (ЕАСА) објави денес дека дала официјално зелено светло за Боинг 737 Макс да се врати на европското небо, кој веќе 22 месеци е приземјен по две несреќи.

Фото: ЕПА

„По детална анализа од страна на ЕАСА, утврдивме дека 737 Макс е безбеден за летање. Оваа проценка беше спроведена целосно независно од Боинг или Американската федерална администрација за воздухопловство и без никаков економски или политички притисок“, се вели во соопштението на извршниот директор на ЕАСА Патрик Kај.

Европа така ја укина 22-месечната забрана за летање на тој авион, разбеснувајќи ги семејствата на некои од 346 лица загинати во авионските несреќи, кои сметаат дека одлуката е преуранета.

Зеленото светло на ЕАСА е клучен чекор напред во решавањето на скоро двегодишната криза предизвикана од падот на тој многу продаван авион во Индонезија и Етиопија, поврзан со софтверска грешка во пилотската кабина.

САД ја укинаа забраната минатиот ноември, а истото го сторија и Бразил и Канада. Кина, која прва го забрани летањето по втората несреќа во март 2019 година и на која ѝ припаѓа четвртина од продажбата на Макс, сè уште не објави како ќе постапи.

По привременото одобрување во ноември, ЕАСА ги анализираше мислењата на 38 експерти и „доби извештаи од неколкумина свиркачи кои внимателно ги анализиравме и разгледавме“, рече извршниот директор Патрик Кај во понеделникот.

Тоа, додаде тој, не укажува на никави нови технички проблеми.

Но, француското здружение на жртви Солидарност и правда овој потег го нарече „ преуранет, несоодветен, па дури и опасен“.

Аналитичарите и шефовите на авиокомпаниите велат дека ЕАСА, која претставува 31 европска земја, излегла посилна од кризата што го ослабна лидерството на САД во безбедноста на воздушниот транспорт.

Сродната американска агенција, Федералната администрација за авијација, се најде на удар на критики дека направила пропусти при одобрувањето на Макс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе