Тест за Унијата

Европски избори: гласаат граѓаните на Словачка, Малта, Латвија и Чешка

Граѓаните на Словачка, Малта, Латвија и Чешка денеска ќе гласаат на изборите за Европскиот парламент.

Овие избори се одржуваат во текот на четири дена во 28 земји-членки на ЕУ и претставуваат некаков вид тест за Унијата.

Голем број предвидувања велат дека националистите и екстремните десничари ќе поминат добро. Тие потоа ќе се обидат да го искористат своето присуство во ЕП за враќање на овластувањата на националните влади.

Поумерените партии сакаат да ги зајакнат блиските врски меѓу членките на ЕУ.

Велика Британија, Ирска и Холандија веќе гласаа. Чесите гласањето го почнаа вчера и ќе завршат денес, како и Словачка, Малта и Латвија, а сите други членки на ЕУ ќе гласаат утре.

Резултатите се очекуваат утре вечер.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе