Европската унија сака истрага за потеклото на коронавирусот

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Чарлс Мишел повикаа на истрага за потеклото на коронавирусот за да се открие вистината за почетокот на пандемијата.

Фото: ЕПА

„Светот треба да дознае што се случило за да извлечеме поуки. Ќе ги поддржиме сите напори да се обезбеди транспарентност и да се дознае вистината“, рече Мишел на прес-конференција.

Претседателката на Комисијата има исто гледиште.

„Мора да знаеме од каде дојде оваа страшна глобална пандемија“, рече Фон дер Лајен на заедничката прес-конференција.

Урсула фон дер Лајен укажа и на важноста на лекцијата научена од финансиската криза во 2008 година. „Со оглед на тоа што ЕУ добро ја анализираше таа криза и разви соодветни алатки, и во сегашната здравствена криза можеше побрзо да реагира. Сега треба да го сториме истото и да осигуриме дека ваква криза никогаш повеќе нема да се повтори“, рече таа.

„Сега е клучно да им се овозможи на истражителите целосен пристап до сите информации релевантни за утврдување на потеклото на пандемијата“, рече Фон дер Лајен.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе