Европската Унија незадоволна од новата талибанска влада: Таа влада не изгледа инклузивно

Европската Унија изрази незадоволство од привремената талибанска влада во Авганистан, која „не е ниту инклузивна, ниту репрезентативна".

Твитер

„Оваа влада не изгледа инклузивно или репрезентативно, со оглед на богатата етничка и верска разновидност во Авганистан, на каква што се надевавме и каква што талибанците ветуваа во последните недели“, рече портпаролот на ЕУ за надворешна политика, Питер Стано.

Тој додаде дека ЕУ очекува таква инклузивност и репрезентативност на идната преодна влада.

Во новата талибанска влада нема жени, а меѓу нејзините членови има и оние кои се под санкции на ОН и кои се на листата барани лица во САД.

Сите членови на владата предводена од Мохамед Хасан Ахунд се талибанци, и речиси сите се етнички Паштуни.

Од преземањето на власта во Авганистан, талибанците постојано тврдат дека се промениле, но нивните уверувања наидуваат на сомнеж.

Легенда под Главна слика

Твитер

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе