Европската Унија испрати предупредување до членките за рускиот гас

Европската Унија ги предупреди земјите-членки дека барањето на претседателот Владимир Путин „непријателските земји" ефективно да плаќаат за рускиот гас во рубли, би ги прекршило санкциите воведени кон Москва по нејзината инвазија на Украина.

Фото: ЕПА

Купувачите од ЕУ би ја изгубиле контролата врз парите и на крајот би ги прекршиле санкциите доколку платат за рускиот гас според регулативата со која Москва бара да се плаќа во рубли преку посредничка банка во Русија, се вели во интерната белешка на Европската комисија.

Регулативата на Путин од 31 март предвидува европските купувачи на гас да отворат две сметки, една во странска валута и една во рубли, при што Газпромбанк е одговорна за конвертирање на странската валута во рубли и за пренос на исплатата во рубли на Газпром.

Регулативата наметнува нови обврски за купувачите на гас од ЕУ кои де факто би ја изгубиле контролата врз парите, се вели во белешката на Европската комисија, истакнувајќи дека таа е техничка, прелиминарна и се заснова на „неофицијален превод“ на регулативата на рускиот претседател од 31 март.

Купувачите од ЕУ ќе продолжат да плаќаат за гас во договорената валута, евра или долари, но купувањето ќе биде завршено дури откако посредникот Газпромбанк ќе ја смени договорената валута во рубли во договор со руската централна банка и рублите ќе ги депонира на друга сметка, стои во белешката.

„Тоа значи... дека плаќањето нема да биде извршено во валутата утврдена со договорот, во моментот кога парите се депонирани на сметката... туку само во непознат и недефиниран момент, по конверзијата на девизите... во рубли и нивно депонирање на посебна сметка“, се додава.

Процесот би бил целосно контролиран од Русија, а европските компании би ја изгубиле контролата врз парите во моментот на плаќањето, што значи непредвидливи дополнителни трошоци, се вели во белешката на Комисијата, во која Ројтерс имал увид.

„Руската држава, преку својата централна банка, има целосна контрола врз странските валути... со кои може да манипулира исклучиво за своја корист“, на пример, преку применетиот девизен курс, забележува Брисел.

„Ваквиот механизам ќе доведе до кршење на важечките рестриктивни мерки наметнати на Русија, нејзината влада, Централната банка на Русија и нивните претставници“, се вели во белешката на ЕК во која увид имал Ројтерс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе