Германија не ја менува својата политика кон Балканот

Ангела Меркел во Брисел се смета за неофицијален лидер на Европската унија, сидро и јадро на ЕУ.

Земјите од Западен Балкан ја гледаат како поддршка, инспирација и како ментор. Што ќе се случи по нејзиното повлекување, прашува Дојче веле.

Бидејќи германската канцеларка Ангела Меркел објави дека нема да се кандидира за претседател на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), што значи дека нема да го продолжи својот мандат на чело на Германија по 2021 година, Европската унија речиси беше во состојба на тревога, или во најмала рака во состојба на неизвесност. Оваа несигурност се пренесе преку границите на Унијата - кон Западен Балкан. Официјалните претставници, аналитичарите, како и граѓаните на регионот, неодамна се занимаваа со можните последици од повлекувањето на политичарка која била "„принципиелна поддршка“ и "даде свој личен печат" на процесот за проширување на ЕУ кон Западен Балкан.

„Канцеларката Ангела Меркел не објави заминување од позицијата на канцеларка на Сојузна Република Германија, туку од функцијата претседател на ЦДУ. Ова значи дека додека таа е канцеларка тешко е да се случат некои големи промени во германската политика кон Југоисточна Европа и политиката на проширување на ЕУ. „Не ги очекувам “ изјави Душан Рељиќ, директор на бриселската канцеларија на германскиот Институт за меѓународни и безбедносни прашања.

Бриселските аналитичари кои се занимаваат со прашањата околу проширувањето и воопшто со политиките на ЕУ кон Западен Балкан, се согласуваат дека ваквиот потег на канцеларката нема во голема мера да ја промени Берлинската политика кон проширувањето и регионот.

Ангела Меркел се слуша во регионот, она што таа го кажува се работи и се почитува. „Но ќе има и други политичари, ако и кога ќе биде потребно“, вели Роза Балфур од Германскиот Маршалов фонд во САД.

Во германскиот Маршалов фонд во САД оценуваат дека германската политика кон Западен Балкан е одредена од интересите поврзани со стабилноста и економијата и дека тие интереси ќе „преживеат, без разлика кој е на власт во Берлин“.

Душан Рељиќ пак во интервју за Дојче Веле инсистира на тоа дека во моментов може сериозно да се дискутира „само за она што е јасно пред нас“, во однос на германската политика кон Западен Балкан.

Една од јасните работи е дека канцеларката Меркел не верува во поставување на датум како што е 2025 година за евентуалниот прием на Србија и Црна Гора во ЕУ, и смета дека треба да се следи како се развива ситуацијата во тие земји, особено во исполнувањето на најважните критериуми, како како што се демократијата, владеењето на правото и социо-економскиот развој што можат да доведат до подобрување на животот на луѓето во регионот. Значи станува збор за динамиката на терен, а не за датумите што ги поставил Брисел“, вели Рељиќ.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе