Европската комисија сака да воведе црна листа на превозници кои ѝ помагаат на Белорусија

Како одговор на белоруската инструментализација на мигрантите на источните граници на Унијата, Европската комисија во вторникот предложи да се формира црна листа на превозници кои се вклучени во трговија со луѓе и криумчарење мигранти.

EPA-EFE/JULIEN WARNAND

„Обидите за дестабилизација на Унијата преку инструментализација на мигрантите нема да поминат. Европската унија е обединета и презема низа чекори за решавање на ситуацијата на надворешните граници на Унијата со Белорусија“, изјави претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен.

Комисијата предлага нова правна рамка според која ЕУ би можела да преземе одредени дејствија против превозниците (даватели на услуги од било каков вид на транспорт - копнен, воздушен, внатрешни водни патишта или морски) кои учествуваат или помагаат во трговија со луѓе или криумчарење луѓе во Европската унија.

Мерките би биле пропорционални и ќе се одредуваат од случај до случај. Таквите мерки може да вклучуваат ограничувања на работењето на пазарот на Унијата, суспензија на лиценци или овластувања, суспензија на правото на полнење гориво или одржување во рамките на Унијата и забрана за транзит низ Унијата, прелети над Унијата, технички застанувања или пристап до пристаништата на Унијата.

Советот на ЕУ за надворешни работи на 15 ноември одлучи да го продолжи режимот на санкции на ЕУ за Белорусија за да ги казни физичките и правните лица кои организираат или учествуваат во инструментализацијата на луѓето, вклучително авиокомпании, туристички агенции и други посредници.

Постигнат е политички договор за петти круг вбројување во црната листа со цел да се одговори на ситуацијата на границата, трговијата со луѓе и продолжувањето на репресијата во Белорусија.

Европската комисија и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност од почетокот на кризата на источните граници успеаја по дипломатски пат да постигнат бројни земји по потекло или транзит на мигрантите да спречат нивните државјани да паднат во замката на режимот на Лукашенко.

Бројни земји од Блискиот Исток ги зајакнаа контролите и ги засилија проверките на патниците на аеродромите на летовите кон Белорусија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе