Европската комисија предложи кандидатски статус за ЕУ за Украина (ВИДЕО)

Како што се очекуваше, Европската комисија предложи кандидатски статус за членство во Европската Унија за Украина, објави денес претседателката на тоа тело Урсула фон дер Лаен и додаде дека тоа подразбира обврска на Украина да спроведе низа реформи.

EPA-EFE

„Украина јасно покажа дека тежнее да стане членка и дека е решителна да ги прифати европските вредности и стандарди“, им кажа Фон дер Лаен на новинарите во Брисел. Изјавата претседателката на ЕК ја даде облечена во боите на украинското знаме, жолта и сина.

„Имаме само една јасна порака, а тоа е – да. Украина заслужува европска перспектива, да, Украина треба да се поздрави како земја кандидат. Тоа под услов работата добро да се заврши, и треба уште да се продолжи да се работи. Целиот процес се темели на заслуги, а напредокот целосно ќе зависи од Украина. Значи, Украина е таа која има сè во своите раце“, кажа Фон дер Лаен.

Веста доаѓа откако Украина вчера ја посетија лидерите на големите европски држави. Вчера претседателот на Франција Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги го посетија Киев и таму се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

За препораката на Европската комисија Украина да стане кандидат за ЕУ треба да расправаат 27 земји членки на самитот следната недела во Брисел. Сите членки на ЕУ треба да се договорат за пристапувањето на секоја нова земја, како и за темпото на преговорите и условите под кои пристапува на Унијата. Фон дер Лаен истакна дека одлуката е донесена со услов Украина да спроведе низа реформи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе