Европската комисија предлага европските граници да останат затворени до 15 мај

Европската комисија ги повика денес земјите членки да го ограничат влезот во ЕУ од трети земји за сите помалку важни патувања до 15 мај, со цел да се спречи можноста за ширење на пандемијата на коронавирусот.

„Комисијата повикува на координиран пристап при проширувањето на ограничувањата, бидејќи делувањето на надворешните граници може да биде ефективно само доколку се применува од сите земји членки на сите граници на истиот датум и на ист начин“, се вели во соопштението на Комисијата.

Комисијата исто така издаде упатства за репатријација на членови на екипаж на крузери и теретни бродови, од кои многу се заглавени надвор од територијата на ЕУ во моментот кога се воведени ограничувањата. Комисијата ги повика земјите членки да создадат мрежа на пристаништа каде што може да се изврши смена на бродксите екипажи.

На 16 март, Комисијата ги повика лидерите на земјите членки да воведат привремени ограничувања за влез во ЕУ со почетен период од 30 дена. Лидерите ја поддржаа препораката на 17 март, по што сите земји членки на ЕУ (освен Ирска) и земјите членки на Шенгенскиот простор кои се надвор од ЕУ усвоија национални мерки со кои се ограничува влезот во ЕУ за сите помалку важни патувања.

Комисијата сега ги повикува земјите членки да ги продолжат овие мерки за уште еден месец, до 15 мај, и до тогаш повторно ќе разгледаат дали ќе има потреба од ново продолжение.

Од воведувањето на ограничувањата, воздушниот сообраќај во ЕУ е практично сведен на нула, при што летаат само карго-авиони и авиони упатени од ЕУ за репатријација на европски граѓани. Слична е ситуацијата и со железничкиот, автобускиот и бродскиот превоз.

„Сите земји членки успешно ги спроведоа мерките за социјално дистанцирање за да се намалат социјалните контакти и да се забави ширењето на вирусот. Ограничувањата за помалку важни патувања од трети земји во ЕУ ги надополнуваат тие мерки на надворешните граници на ЕУ“, рече потпретседателот на Комисијата надлежен за промовирање на европскиот начин на живот Маргаритис Шинас.

„Иако гледаме охрабрувачки први резултати, продолжувањето на ограничувањата е нужно да се продолжи за да се намали ризикот од натамошно ширење на болеста. Сè уште не треба да ги отвораме нашите врати во време додека ја обезбедуваме нашата куќа“, рече тој.

Ограничувањата не важат за лекари, медицински сестри и други здравствени работници, истражувачи и професионалци кои помагаат во борбата против коронавирусот и лицата кои превезуваат стоки, работници во пограничните зони и сезонски работници во земјоделството.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе