Европската комисија испрати предупредување до членките: ЕМА сè уште не одобрила трета доза

Државите на Европската Унија кои ќе се одлучат за користење „бустер“ дози од вакцините за ковид-19 би можеле да се соочат со правен ризик бидејќи користењето дополнителна доза не е одобрено од европскиот регулатор за лекови, објави Европската комисија.

EPA-EFE

Европската агенција за лекови (ЕМА) повеќе пати истакна дека се потребни уште податоци пред одобрувањето на дополнителни дози вакцина, но осум земји членки препорачаа „бустер“ доза, а многу се спремаат за слична одлука.

„Дополнителните дози во моментов не потпаѓаат под авторизацијата на ковид-19 вакцините за употреба и сè уште не се научно проценети од ЕМА поради недоволно податоци“, се наведува во соопштението на ЕМА.

„Одговорноста за одлуката за вклучување бустери во кампањата за вакцинирање останува на државите членки“, се наведува. „Сè додека дополнителни дози не се одобрени, одговорноста на компаниите се менува“.

Тоа значи дека во случај на неочекувани нуспојави кои може да се поврзат со „бустер’ дозата државите членки би можеле да бидат одговорни за какви било правни последици и барања за компензација.

Комисијата сепак истакнува дека одговорноста на компаниите не престанува целосно ако се вбризгаат „бустер“ дози без одобрување на ЕМА.

На пример, ако причина за нуспојавите е грешка во производството, произведувачот би бил одговорен.

Правилата на ЕУ за одговорност и отштета се применуваат во случај на неочекувани штетни ефекти поврзани со општите карактеристики на производот или неговото производство. Секоја компанија која испорачува вакцини на ЕУ преговарала за различни клаузули, кои се сè уште главно доверливи.

Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ) наведува дека во моментов Австрија, Белгија, Франција, Унгарија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург и Словенија препорачуваат користење дополнителни дози, а Германија планира да ги одобри на есен.

Тринаесет други членки исто така размислуваат за донесување таква одлука.

Во последните месеци ЕУ нарача милијарди дози од неколку произведувачи за следните години, порачувајќи дека можеби ќе бидат потребни дополнителни дози за борбата против новите варијанти на ковид-19. Тие дози би можеле и да им бидат донирани на сиромашните земји.

Од почетокот на кампањата за вакцинирање во Европа, потенцијални жртви поднеле стотици барања за отштета, покажуваат официјалните податоци од Данска, Германија, Норвешка и Швајцарија. Само неколку компензации се одобрени, но не се знае износот на отштетите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе