Доби позитивна оцена

Европската комисија: Хрватска е спремна за Шенген

Европската комисија оцени дека Хрватска ги исполнува потребните критериуми за влегување во Шенгенската зона и го повика Советот на Европската Унија да ја вклучи Хрватска во просторот без внатрешни гранични контроли.

„Европската комисија смета, врз основа на резултатите на шенгенскиот евалуациски процес почнат во 2016 година, дека Хрватска ги презела мерките кои се потребни да се обезбедат потребни услови за целосна примена на шенгенските правила и дека стандардите се исполнети“, објави Комисијата.

Комисијата додаде дека Хрватска „треба да продолжи да ги применува сите досегашни активности, особено управувањето на надворешните граници за да обезбеди тие услови да бидат и понатаму исполнети“.

„Европската комисија денес потврди дека Хрватска продолжува да ги исполнува обврските поврзани со шенгенските правила, кои ги презема за време на пристапните преговори“, се додава во соопштението.

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе