Европската комисија ги тужи Полска, Чешка и Унгарија затоа што одбиваат да примат бегалци

Европската комисија пред Судот за правда на Европската Унија ги тужи Полска, Чешка и Унгарија за тоа што не ја почитуваа одлуката за прераспределба на бегалците во ЕУ според националните квоти и целосно прекинаа да ги примаат, соопшти денес судот на ЕУ во Луксембург.

„Денес почнува постапката што ја иницираше ЕК. Тужените земји имаат право да реагираат на потегот на Комисијата. Првото рочиште може да се очекува кон крајот на оваа година, не порано од ноември или декември“, изјави портпаролот на судот Балаж Лехоцки.

Тој додаде дека целиот процес може да трае околу 18 месеци.

Претходната либерална полска влада на тогашната премиерка Ева Копач се обврза во 2015 година дека во рамки на договорот за релокација ќе прими околу 7.000 бегалци од Блискиот Исток и од Африка, но по парламентарните избори конзервативната влада на партијата Право и правда прво престана да прима бегалци од центрите во Италија и Грција со оправдување дека нема начин темелно да ги провери, што претставува ризик за Полјаците.

Новиот полски премиер Матеуш Моравјецки категорично го одби апелот на својот татко и влијателната Полска католичка црква барем да се отворат хуманитарни коридори за бегалците и да се примат навистина загрозените од војна, истакнувајќи дека Полска ни сега ни во иднина нема да прима бегалци од Блискиот Исток и од Африка.

„Многу сме доследни и ќе бидеме и во следните години. Без измени го преземаме ставот кој партијата Право и правда го формулираше пред изборите во 2015 година дека нема да примаме бегалци и емигранти од Блискиот исток и Северна Африка и тоа е наша суверена одлука“, кажа Моравјеци за државната телевизија.

Чешка за време на претходната влада на социјалдемократскиот премиер Бохуслав Соботка прими 12 бегалци од квотата од речиси 3.000, но потоа ја сопре програмата, со објаснување дека Грција и Италија не им овозможуваат на чешките органи да ги проверат бегалците кои би дошле во Чешка, како и дека бегалците и онака не сакаат во Чешка туку сакаат да заминат во Германија.

Од муслиманските бегалци и идни можни напади од исламските терористи од есента 2015 се плаши претседателот на Чешка Милош Земан, а сегашниот премиер Андреј Бабиш исто така инсистира на бегалците да им се помага надвор од Европа и ЕУ да ги затвори своите граници за нив.

Бабиш по именувањето за премиер на почетокот на декември изјави дека ќе се обиде да го убеди шефот на Европската комисија Жан Клод Јункер тужбата на Судот на ЕУ против Чешка да ја повлече, а истовремено како недостоинствен го одби чекорот кој го направи Словачка, да покаже добра волја и да прими барем неколку десетици бегалци.

Иако Словачка ја тужеше ЕУ околу квотите и го изгуби спорот, владата на премиерот Роберт Фицо покажа во последен момент желба за соработка и прими мал број бегалци, па како единствена од Вишеградската група Европската комисија не ја тужи.

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе

Сознанијата за степенот на местенки во судството неминовно го наметнува прашањето дали има местенки и во високото образование.

повеќе

Посебно на Балканот не може да се зборува за чисто етничко-конфесионални, етничко културни или строго етнички омеѓени заедници.

повеќе