Европската комисија ги повикува државите на засилени санитарни контроли и повеќе тестирања

Европската комисија ги повика земјите-членки да ги преземат неопходните мерки за борба против коронавирусот што е можно поскоро за да се спречи парализа на економијата и јавниот живот, бидејќи во некои земји сега има повеќе заразени лица отколку во март на врвот на пандемијата.

Фото: Твитер

„Со оглед на тоа што некои земји-членки сега се соочуваат со поголем број случаи отколку во пикот во март, повеќе од јасно е дека кризата не е зад нас. Сега е одлучувачки момент и сите мора решително да делуваат. Можеби ќе биде наша последна шанса да спречиме да се повтори минатата пролет“, рече европската комесарка за здравство Стела Киријакидес.

„Мора да избегнеме ситуација кога владите би немале друг избор освен да наметнат општ карантин, на штета на нашето ментално здравје, економијата и благосостојбата на нашите деца“, додаде комесарката.

Директорката на Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ) Андреа Амон истакнува дека брзата идентификација, тестирањата, изолацијата на високоризичните контакти се едни од најефикасните мерки се додека не се пронајде вакцина.

Нејзината агенција во својата последна проценка на пандемијата рече дека нивото на имунитет кај европското население останува ниско, проценувајќи дека е под 15% во поголемиот дел од ЕУ и Велика Британија.

„Повеќето луѓе сè уште можат да се заразат“, рече Амон.

„Пандемијата е далеку од завршена и не смееме да го симнеме гардот“, рече Амон.

Комисијата препорачува повеќе тестирања, посилни санитарни контроли и засилување на болничкиот капацитет.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе