Европската комисија е загрижена поради спорен француски закон за безбедност

Европската комисија (ЕК) изрази загриженост поради контроверзниот француски закон за безбедност и наведе дека на новинарите мора да им се обезбеди „својата работа да ја вршат слободно и сосема безбедно“.

EPA-EFE

Спорниот закон, кој утре треба да биде усвоен во долниот дом на францускиот парламент, забранува објавување фотографии и снимки од полицајци „од злонамерни побуди“, пренесува Политико.

Француската влада во објаснувањето наведува дека таквата одредба е неопходна за полицајците да се заштитат од насилни акти, но групите за одбрана на граѓанските слободи и слободата на медиумите не се сложуваат со тоа, па за време на викендот беа одржани и улични протести на кои беше барано парламентот да го отфрли предлог законот.

„Кога членките на ЕУ усвојуваат прописи кои ја регулираат безбедноста мора да го почитуваат принципот на воспоставување рамнотежа меѓу безбедноста и граѓанските слободи“, изјави портпаролот на Европската комисија.

По бројните критики француската влада во предлогот додаде одредба која би требало да обезбеди слобода на медиумите, но критичарите тврдат дека и покрај тоа законот е така напишан што секој полицаец може на новинар да му забрани да снима или фотографира, што секако ќе дејствува обесхрабрувачки на оние кои сакаат за нешто да пријават полициски службеник.

Од канцеларијата на Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Франција беше предупредена дека законот во обликот во кој е предложен „може да води кон сериозно кршење на човековите права и основните слободи, а особено правото на слобода на изразување“.

И француската омбудсманка за човекови права КЛер Хедон изјави дека законот може да претставува „значителен ризик“ за слободата на информирањето.

„Објавувањето фотографии и снимки од полициски интервенции не само што е легитимно, туку и неопходно за функционирање на демократијата“, кажа Хедон.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе