Унгарија е единствената членка на ЕУ во која се даваат руската и кинеската вакцина

Европската агенција за лекови против прерано одобрување на руската вакцина

Европската агенција за лекови (ЕМА) го повика членките на ЕУ да не ја користат руската вакцина против ковид-19 пред таа агенција да ја испита нејзината безбедност и ефикасност.

EPA-EFE

Високата функционерка на ЕМА, Криста Виртумер Хохе, изјави за австриската телевизија ОРФ дека агенцијата почнала да ги добива податоците од рускиот произведувач кои ќе бидат прегледани според европските стандарди за квалитет, безбедност и ефикасност, пренесува бриселски Еуроактив.

„Потребни ни се документите за да можеме да ги прегледаме. Исто така во овој момент немаме податоци за вакцинираните луѓе. Тоа е непознато. Поради тоа советувам против давање национална дозвола за итна употреба“, кажа Виртумер Хохе.

„Ќе можеме да ја имаме Спутник V на пазарот кога соодветните податоци ќе бидат разгледани. ЕМА веќе ја почна проценката“, кажа таа.

Спутник V е веќе одобрен или е во фаза на проценка за добивање дозвола во три членки на ЕУ – Унгарија, Словачка и Чешка, а функционерите на ЕУ кажаа дека Брисел ќе почне преговори со произведувачот на таа вакцина ако тоа го побараат најмалку четири држави.

Унгарија е единствената членка на ЕУ каде се даваат руската и кинеската вакцина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе