Европска компанија купува 200 проблематични боинзи, за превоз на луѓе

Откако компанијата Боинг долго време има проблеми со продажбата на проблематичниот модел 737, се чини дека оваа недела среќата ѝ се насмеа. Имено, во вторникот авиокомпанијата Интернешнл ерлајнс груп (ИАГ) најави дека планира да купи 200 авиони 737 Макс, јави Си-ен-ен.

Компанијата ИАГ, во чија сопственост се Ер Лингус, Бритиш ервејс, Иберија и други европски превозници, својата намера за купување на моделот 737 го објавија на саемот Париз ер шоу. Иако компанијата веќе користи широко трупни авиони од компанијата Боинг, до сега тесно трупните патнички авиони ги купувала исклучиво од конкуренцијата, односно од Ербас (ЕАДСФ).

Авионите 737 Макс се приземјени во целиот свет во средината на март по трагичните авионски несреќи во Етиопија и Индонезија, кога вкупно загинаа 346 патници и членови на екипажот.

И во двата инциденти, автоматизираниот систем МЦАС (Maneuvering Characteristics Augmentation System) погрешно го отчитувал губитокот на висина и го спуштал носот на авионот оневозможувајќи им на пилотите да го поправат проблемот и да ја вратат контролата над авионот.

Иако Боинг неодамна соопшти дека го завршил софтверското решение за проблематичните модели, сè уште не се знае кога повторно ќе имаат дозвола за летање.

„Имаме доверба во Боинг и очекуваме авионите успешно да се вратат во функција во следните неколку месеци“, рече Вили Волш, главен извршен директор на ИАГ.

По приземјувањето на најпродаваниот авион на Боинг, компанијата не направила никакви испораки ниту примила нови нарачки.

Според мајскиот извештај на Боинг, во април не добила ниту една нова нарачка за авион. Не само што компанијата немала нови нарачки за проблематичниот 737 Макс 8, туку во април немала барања ни за други модели како што се 787 Дримлајнер или 777.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе