Јозеф Сајер се повлече од функциите

Европратеникот фатен на геј-оргии во Брисел е од Орбановата партија Фидес

Европратеникот Јозеф Сајер денеска призна дека бил на „приватна забава“, а дека неговата „грешка“ била „строго лична“. „Ги замолувам сите со ова да не ја опфаќаат мојата татковина или мојата политичка заедница“, додаде тој. Сајер ги напушти владејачката партија Фидес во Унгарија и функцијата европратеник.

Јавното обвинителство соопшти дека случаен минувач пријавил во полиција дека видел човек што бега по олукот.

„Рацете на човекот беа крвави. Можно е тој да бил повреден при бегството. Во неговиот ранец беа пронајдени наркотици“, се вели во соопштението на јавното обвинителство. „Човекот не достави документи со лични податоци. Тој беше придружуван до неговото место на живеење, каде што со дипломатски пасош се идентификуваше како С.J. (1961)“.

Сите присутни на забавата добија казни за прекршување на мерките. Јавното обвинителство во Брисел било информирано за инцидентот и одлучило да ги ослободи учесниците без дополнително обвинение.

Сајер во својата изјава рече дека полицијата му дала „официјално вербално предупредување“ и го вратила дома. Тој рече дека не бил дрогиран и додаде дека му е „жал“ и дека „длабоко се кае“ што ги прекршил прописите за коронавирусот. „Тоа беше неодговорно од моја страна. Подготвен сум за казната што ќе ми ја определат“, рече тој.

Сајер и неколку дипломати беа фатени од полицијата при „оргија“ во бар во центарот на Брисел, а локалните медиуми објавија дека пратеникот се обидел да избега низ прозорецот. 

Во Белгија се забранети собири на повеќе од четири лица и е воведен полициски час во обид да се ограничи ширењето на ковид-19.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе