Европол предупредува на лажни потврди за тестирање на коронавирусот

Полициската агенција на Европската Унија (Европол) ги предупреди денес државите да пазат на лажни потврди за тестирање на ковид-19, бидејќи криминални банди се обидуваат да заработат на забраната за патување поради пандемијата.

EPA-EFE

Голем број држави бараат од патниците при влезот во земјата да имаат негативен тест на ковид-19, за да го сузбијат ширењето на вирусот.

Европол денес соопшти дека членките на ЕУ неодамна пријавиле случаи меѓу кои и група фалсификатори која на парискиот аеродром Шарл де Гол продавала лажни потврди за негативен тест на коронавирусот, како и уапсен измамник во Шпанија, кој исто така продавал лажни резултати.

И британските власти уапсиле измамници кои за 10 фунти продавале потврди за тестирање на коронавирусот со негативен резултат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе