Изгласувајќи резолуција

Европарламентот ги повика членките на ЕУ да го признаат Гуаидо за претседател на Венецуела

Европскиот парламент гласаше да се признае лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо како легитимен привремен претседател на Венецуела и ги повика водачите на ЕУ да го сторат истото.

Со резолуцијата, за која се гласаше денеска, се повикуваат лидерите на ЕУ да усогласат „силен, единствен став“ и да го признаат Гуаидо како „единствен легитимен“ привремен претседател на јужноамериканската нација додека не се одржат нови избори за „враќање на демократијата“.

Пратениците, исто така, ветија целосна поддршка за парламентот контролиран од опозицијата во Венецуела, Националното собрание, и ги повикаа државите на ЕУ да ги акредитираат претставниците назначени од опозицијата.

Документот беше усвоен со 439 гласа наспроти 104, а 88 пратеници беа воздржани.

Шефицата за надворешни работи на Европската Унија, Федерика Могерини, претходно вети целосна поддршка за националното собрание. Во саботата Германија, Франција и Шпанија се заканија дека ќе го признаат Гуаидо како привремен претседател на државата, освен ако сегашниот шеф на државата, Николас Мадуро, не прогласи предвремени избори во рок од осум дена.

Мадуро категорично го отфрли ултиматумот, велејќи дека нациите на ЕУ немаат право на такви барања и дека изборите ќе се одржат, редовно, во 2025 година.

Претседателот на парламентот Хуан Гуаидо минатата недела се прогласи за привремен претседател, на местото на Мадуро, кој ја владее Венецуела од 2013 година. Гуаидо веднаш беше признаен од САД како единствен легитимен владетел, а потоа и од Канада и повеќето јужноамерикански земји, вклучувајќи ги и соседните Колумбија и Бразил.

Државите како што се Русија, Кина, Иран и Турција продолжуваат да го признаваат Николас Мадуро за демократски избран претседател на Венецуела. Москва истакна дека сите нации треба да го почитуваат суверенитетот на Венецуела и вети дека ќе ги брани своите национални интереси во земјата „со сите расположливи механизми“.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе