Европарламентарка: Вучиќ е свртен кон Русија, а прима средства од ЕУ

Пратеничката на Европскиот парламент од Зелените Гвендолин Делбос Корфилд порача денес дека таа и нејзините колеги очекуваат од властите во Србија веднаш да ги објаснат своите проруски ставови, укажувајќи дека тие се неприфатливи додека Белград истовремено користи средства на Унијата во претпристапниот процес.

EPA-EFE

„Неприфатливо е претседателот Александар Вучиќ и понатаму да е свртен кон Русија, а прима средства од ЕУ во рамки на процесот на пристапување. Проруските гласови се особено гласни токму сега во Србија“, напиша Делбос Корфилд на Твитер, истакнувајќи дека тоа предизвикува „голема загриженост“.

„Владата испрати опасна порака со тоа што не се усогласи со санкциите на Европската Унија против Русија. Истовремено знаеме дека повеќето Срби се против војната и дека многумина веќе излегоа да протестираат против инвазијата на Украина“, истакна таа на социјалната мрежа.

Таа порача дека е потребно српските власти да ѝ воведат санкции на Русија, како што тоа го направија државите членки на ЕУ, пренесува порталот Јуропиан Вестерн Балканс (ЕВБ). Истиот портал потсетува дека минатата недела деветмина европратеници од либералната група Да ја обновиме Европа им пишаа на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен и шефот на дипломатијата на ЕУ Жосеп Борел.

Тие побараа привремено замрзнување на преговорите со Србија и сопирање на финансиската помош од ЕУ додека Србија не се усогласи со позициите на Унијата и нејзиниот однос кон Русија. Српскиот претседател по минатонеделната средба со шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок истакна дека од почетокот на нападот на Украина немал ниту една лична средба со руски функционери и дека „нема од што да се дистанцира“ бидејќи позицијата на Србија кон Украина е јасна.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе