Ќе може да тргува и покрај американските санкции

Европа ќе ги замени доларите со евра во плаќањето на иранската нафта

Европската Унија планира да почне да плаќа со евра при купувањето нафта од Иран, со што ги елиминира трансакциите во американски долари, изјави дипломатски извор за Спутник.

Брисел е во судир со Вашингтон поради повлекувањето на САД од нуклеарниот договор со Иран, кој беше постигнат за време на администрацијата на Барак Обама. Претседателот Доналд Трамп се заложи повторно да ѝ наметне санкции на Исламската Република.

„Дознав информација дека ЕУ ќе се префрли од долари на евра во плаќањето на суровата нафта од Иран“, изјавил изворот на Спутник.

Неделава шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, рече дека министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција, Германија и Иран се согласиле во следните неколку недели да подготват практични решенија како одговор на потегот на Вашингтон. Наводно, блокот планира да ги одржи и да ги продлабочи економските врски со Иран, вклучително и во областа на нафтата и гасот.

Могерини истакна дека страните треба заеднички да работат на укинување на санкциите како интегрален дел од историскиот нуклеарен договор. „Не сме наивни и знаеме дека ќе биде тешко за сите страни.“

Иако по укинувањето на санкциите Иран успеа значително да го зголеми извозот на сурова нафта, нафтата на меѓународните пазари е поврзана со американскиот долар, што им отежнува на иранските партнери да вршат исплати и на Техеран да ги прима. Додека доларот ја игра водечката улога на меѓународните финансиски пазари, повторното наметнување санкции би значело исклучување на Иран од глобалниот финансиски систем.

Во исто време, десетици договори потпишани меѓу европските компании и Исламската Република би биле изложени на ризик од откажување ако Брисел ги почитува санкциите на Вашингтон. Ова ќе ја оштети иранската економија, а европските фирми ќе изгубат огромен пазар на Блискиот Исток. Преминувањето на други валути за исплата им овозможува на двете страни да продолжат да тргуваат, и покрај санкциите на САД.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе