„Европа во грч“

Еврокомесарот за економија предупредува: На европските избори најверојатно ќе се пробијат популистите

Европскиот комесар за економски прашања Пјер Московиси изјави дека на изборите за Европскиот парламент на 26 мај популистите најверојатно ќе направат пробив доколку проевропските партии не се усогласат и не се сложат.

„Предвидувам дека е најверојатен пробив на популистите поради ослабените европски сили, со Европа во грч ако европските партии не се сложат“, изјави Московиси во интервју за француската телевизија Си њуз.

Московиси, поранешен министер во времето на францускиот социјалистички претседател Франсоа Оланд, ја исклучи можноста да ја поддржи својата поранешна Социјалистичка партија.

„Француските социјалисти не ми зборуваат за европските избори. За жал, партијата повеќе не им се обраќа на своите гласачи. Итно би требало тоа да го поправат“, кажа Московиси и додаде дека ја поддржува идејата на францускиот претседател Емануел Макрон за подобра заштита на Европа но не наведе дали ја поддржува партијата на Макрон Република во движење.

Московиси за евентуалната изборна листа на граѓанското движење Жолти елеци кажа дека Европа, како што изгледа, тоа многу не ја интересира, така што „елеците“ не би имале позначителен успех на европските избори.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе