Поранешниот претседател

Ево Моралес слета во Мексико откако избега од Боливија (ВИДЕО)

Поранешниот претседател на Боливија Ево Моралес пристигна во Мексико, откако таму доби азил. Излегувајќи од авионот Моралес рече дека мексиканскиот претседател му го спасил животот.

Ево Моралес слета во градот Мексико, откако мексиканското Министерство за надворешни работи го одобри барањето за азил од поранешниот боливиски претседател, од хуманитарни причини.

Поранешниот претседател излезе од авионот насмеан и мавташе, облечен во светлосина маица со кратки ракави, па се ракува со министерот за надворешни работи Марсело Ебрард.

„Сè додека сум жив, ние ќе продолжиме да водиме политика. Сè додека сум жив, борбата ќе продолжи“, рече Моралес.

Моралес му рече на мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор дека му го спасил животот.

Тој додаде дека единствените злосторства за кои тој e виновен се домашни и „антиимперијалистички“. Неговите критичари, меѓу кои и набљудувачите на изборите од Организацијата на американските држави (ОАС), тврдеа дека неговата изборна победа е фалсификувана.

Ебрард го документираше патувањето на поранешниот боливиски претседател во серија твитови, најавувајќи го неговото пристигнување на мексиканско тло, како и со фотографија од Моралес за време на неговиот лет во авион на мексиканските воздухопловни сили.

„Ме боли што ја напуштам земјата од политички причини, но секогаш ќе ја набљудувам“, објави на Твитер Моралес, кој ја водеше Боливија изминативе 14 години. „Наскоро ќе се вратам со поголема сила и енергија“.

Моралес, првиот домороден претседател на Боливија, ја напушти функцијата во неделата по изборите на 20 октомври, на кои побара и четврти мандат. Спорната победа на 59-годишниот претседател предизвика граѓански немири и војската му изврши притисок да се повлече од функцијата.

 

Меѓународни реакции

Светот различно реагираше на развојот на настаните во последните 24 часа, при што Организацијата на американски држави попладнево свика итен состанок за да разговараат за ситуацијата.

Мексико, Уругвај, Куба, Венецуела и новоизбраниот претседател на Аргентина, Алберто Фернандез, рекоа дека Моралес е нелегално избркан.

Сепак, американскиот Стејт департмент соопшти дека ситуацијата во Боливија не е државен удар. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека настаните во Боливија испратиле силен сигнал до другите земји од Латинска Америка, како Венецуела и Никарагва, и дека „демократијата и волјата на народот секогаш ќе преовладуваат“.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе