Ево Моралес слета во Аргентина откако доби азил

Поранешниот претседател на Боливија, прогонетиот Ево Моралес, слета во соседна Аргентина, каде што доби азил од нејзините нови левичарски водачи. Ова може уште повеќе да ја вознемири екстремно десничарската администрација на Бразил.

„Само што пристигна. Дојде за да остане“, им рече денеска на новинарите министерот за надворешни работи на Аргентина, Фелипе Сола.

Сола рече дека Моралес побарал статус на бегалец и го припиша неговото доаѓање на фактот дека „тој се чувствува подобро тука отколку во Мексико“, каде што првиот домороден претседател на Боливија првично побара засолниште откако ја напушти својата земја на 11 ноември.

Набргу потоа, Моралес на Твитер објави: „Пред еден месец, кога пристигнав во Мексико, нашата сестринска земја што ми го спаси животот, бев тажен и скршен. Сега, кога дојдов во Аргентина, за да продолжам да се борам за најсиромашните... се чувствувам силно и енергично. Благодарност до Мексико и Аргентина за целата ваша поддршка и солидарност“.

Некои набљудувачи се сомневаат дека одлуката на Моралес да остане блиску до Боливија се должи на желбата да направи политички камбек во земјата со која управуваше скоро 14 години од 2006 година.

Моралес нема да биде кандидат на новите претседателски избори, кои се очекува да се одржат во почетокот на следната година.

Но во неделата неговата партија, Движење кон социјализмот (Мас), го прогласи за шеф на кампањата, посочувајќи дека се надева дека ќе остане вклучен во боливиската политика.

„Благодарам што не ме напуштивте. Секогаш ќе бидам со вас “, твитна Моралес по оваа одлука.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе