Евакуирани 1.300 патници од крузерот во Норвешка сред невреме (ВИДЕО)

На норвешкиот крузер му откажал моторот во водите во близина на западниот брег на Норвешка сред силни ветрови, по што е започната евакуацијата на 1.373 патници и екипаж.

Операцијата за спасување со висок ризик е спроведена сред бура и силни ветрови, со помош на повеќе спасувачки хеликоптери и бродови.

Поморската спасувачка служба претходно јави дека бродот Викинг скај пловел кон копното и дека испратил сигнал за помош.

Норвешкиот весник ВГ објави дека бродот за крстарење Викинг скај имал проблеми со погонот сред лошите временски услови што во саботата ги погодија крајбрежните области на Норвешка.

Полицијата од западниот округ на Мере ог Румсдал рече дека бродот успеал да се укотви во заливот Хустадвик, меѓу западните норвешкиот градови Олесунд и Трондхејм, по што евакуацијата на патници и членовите на екипажот можела да започне.

Спасувачките екипи со хеликоптери и чамци биле испратени да го евакуираат бродот за крстарење под исклучително тешки околности.

Норвешките власти, изјави дека за време на акцијата биле принудени да пренасочат два од петте хеликоптери за да му помогнат на друг брод, кој западнал во бура, што додатно го одложил процесот на евакуација.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе