За состојбите кај нашиот источен сосед

Еуроњуз: Бугарија во политичка криза без преседан по падот на комунизмот

Откако сатиричниот тв-водител и пејач Слави Трифунов, чија партија победи на изборите, но не формира влада, најави дека нема да поддржи формирање влада од други коалиции, Бугарија е пред трети избори годинава и е во политичка криза без преседан од падот на комунизмот во таа земја, коментира Еуроњуз.

Еуроњуз пишува дека Бугарија се движи кон трети предвремени парламентарни избори годинава, откако Трифонов не успеа да постигне коалициски договор.

„Бугарскиот претседател, Румен Радев, сега може да ги повика другите партии да се обидат да формираат влада, но Слави Трифонов, сатиричниот водител и пејач без политичко искуство, веќе најави дека нема да поддржи ниту една од нив. Доколку ова сценарио се потврди, тоа ќе бидат трети избори во една година во оваа источноевропска земја, со месеци втурната во политичка криза без преседан од крајот на комунистичкиот режим“, коментира медиумот и смета дека третите предвремени парламентарни избори може да се совпаднат со претседателските избори, кои треба да се одржат наесен.

„Радев, жесток противник на доскорешниот премиер Бојко Борисов, се кандидира за нов мандат и ќе биде поддржан од партијата Има таков народ. Ова го кажа самиот Трифонов во изненадувачката изјава, кога ирече дека неговата партија го повлекува предлогот за форморање нова влада во Бугарија“, пишува Еуроњуз.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе