Сите амбасади на државите членки на Унијата се во Тел Авив

ЕУ жали поради отворањето на амбасадата на Косово во Ерусалим

Европската Унија жали поради одлуката на Косово да го прекрши европскиот став околу прашањето на Ерусалим, изјави за Радио слободна Европа еден портпарол на ЕУ реагирајќи на официјалното отворање на амбасадата на Косово во Израел во Ерусалим.

EPA-EFE

Бриселскиот портпарол, чие име е познато на редакцијата на РСЕ, потсетува дека Косово означило дека евроинтеграциите се стратегиски приоритет на државата и предупредува дека од Косово се очекува да дејствува во согласност со таа определба.

„Сите дипломатски чекори кои би можеле да го доведат во прашање заедничкиот став на ЕУ за Ерусалим претставуваат сериозна загриженост и жалење“, подвлекол портпаролот.

Брисел потсетува и дека ставот на ЕУ е добро познат, дека сите амбасади на државите членки на Унијата, како и на канцеларијата на ЕУ во Израел, се наоѓаат во Тел Авив.

Израел и Косово на 1 февруари воспоставија дипломатски односи, по одлуката за признавање утврдена со Вашингтонскиот договор, потпишан на 4 септември 2020 година.

Европската Унија во повеќе наврати се спротивстави на отворањето косовска амбасада во Ерусалим, сметајќи дека статусот на Ерусалим за ЕУ не е решен.

Неодамна и Чешка, членка на ЕУ, отвори дипломатска канцеларија во Ерусалим. На прашањето дали по таа постапка на една земја членка Унијата ќе продолжи да бара од Косово да ја промени одлуката за седиштето на амбасадата во Израел, претставници на ЕУ изјавија:

„Во врска со одлуката на Чешка да ги отвори просториите опишани како ерусалимска канцеларија на својата амбасада во Израел, потсетуваме на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации 478 од 1980 година, во која се повикани сите членки на ОН да ги повлечат своите дипломатски мисии во Израел од Ерусалим. Сите амбасади на државите членки на ЕУ, како и Делегацијата на ЕУ во Израел се наоѓаат во Тел Авив“, порача портпаролот на ЕУ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе