ЕУ воведува ново правило за Балканот – одобрување од надлежните служби пред патување во шенген-зоната

Државјаните на земјите од Западниот Балкан во иднина за патување во шенген-зоната ќе мора претходно да побараат одобрување од надлежните служби на ЕУ. Тоа ќе мора да го направат, иако и понатаму ќе бидат ослободени од визи.

Од Одборот за граѓански слободи на Европскиот парламент е соопштено дека целата постапка е „сложена“ и дека „системот, доколку биде усвоен, би можел да стапи на сила дури во 2020 година“.

Одобрението ќе се бара со пополнување електронски формулар, а одговорот на ЕУ ќе доаѓа во рок од најмногу 72 часа, но на оние за кои ќе се утврди дека претставуваат опасност за ЕУ ќе им биде одбиена дозволата за патување, се наведува во предлогот за воспоставување на нов Европски систем за одобрување на патувањата (ЕТИАС).

Таквиот предлог на Европската комисија денес го потврди Одборот за граѓански слободи (ЛИБЕ) на Еввропскиот парламент, а откако во ЕП ќе го усвојат сите надлежни тела, ќе биде проследен на усвојување во Советот на министри на ЕУ.

Според предлогот, граѓаните на државите на Западниот Балкан и другите земји на кои не им се потребни визи за патување во шенген-зоната на ЕУ без внатрешни граници ќе мора за услугата на претходна проверка да платат 10 евра, но дека тој трошок ќе покрива период за патување од 3 години, односно додека трае важноста на пасошот.

Од плаќање на оваа такса ќе бидат ослободени лицата помлади од 18 и постари од 60 години, членовите на семејствата на државјани на ЕУ, како и студенти и научен персонал.

Граѓаните на Западниот Балкан мкои сакаат да патуваат и не треба да вадат визи за „шенген зоната“ на ЕУ претходно ќе мора да бараат одобрување преку електронски формулар во кој, покрај личните и податоците за пасошот, ќе мора да ја наведат и адресата на престој во ЕУ, тамошни информации за контакт и земјата на влегување во ЕУ.

Тие ќе мота „властите на ЕУ да ги информираа за тоа дали биле осудувани за посериозни криминални прекршоци (тероризам, сексуално малтретирање деца, трговија со луѓе или дрога, убиства, силувања), како и за престој во некоја конфликтна зона или одлуката да си заминат од некоја земја, и тоа во последните десет години“.

Во објаснувањето на предлогот на ЕТИАС се подвлекува дека „овој систем ќе овозможи рана проверка на патниците на кои не им е потребна виза и на оние за кои ќе се утврди дека претставуваат опасност за ЕУ кога станува збор за безбедноста, нелегалната емиграција или заканата од епидемиски болести одобрение нема да добијат“.

Европската комисија информираше дека сега има 60 земји на чии граѓани не им е потребна виза за влез во ЕУ, а се очекува шенгенските граници во 2020 година да ги мина 39 милиони странци.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе