ЕУ вели дека Британија нема автоматско право на трговски погодности

Преговарачот на Европската Унија за брегзитот Мишел Барние кажа дека Обединетото Кралство нема автоматско право на какви било погодности кои Унијата претходно им ги давала на други трговски партнери.

EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Двете страни водат преговори за идните односи по излегувањето на Британија од ЕУ, а главниот преговарач на Лондон објави во вторникот писмо во кое го обвинува Брисел дека на Британија ѝ ускратува трговски погодности кои претходно им ги давал на други.

„Правото на кои било погодности кои ЕУ ги дала или понудила во други контексти и околности на други партнери, често сосема поинакви, не се добива автоматски“, кажа Барние во својот одговор.

„Обединетото Кралство не може да очекува високо квалитетен пристап до единствениот пазар на ЕУ ако не е спремно да се согласи на гаранции дека (пазарниот) натпревар ќе остане отворен и чесен“, кажа Барние околу гаранциите за почитување на еднаквите права.

Откако Дејвид Фрост го објави писмото во кое вели дека ЕУ на Британија ѝ нуди трговски договор „со низок квалитет“. Барние кажа дека ги отфрла такви јавни провокации и дека повеќе сака да се ангажира на реалните технички преговори.

Тој кажа дека Британија ќе мора да се обврзе на почитување на стандардите околу државните субвенции, климата, даноците и работното законодавство ако сака слободно да тргува со Унијата по периодот на транзиција кој треба да заврши на 31 декември.

Но таа идеја е неприфатлива за британскиот премиер Борис Џонсон, водечкиот заговорник на излегувањето на Британија од ЕУ.

Разговорите на двете страни кои ќи опфаќаат сите прашања од риболовот до безбедноста по 2021 се најдоа во ќорсокак пред клучниот рок на крајот на јуни кога Лондон и Брисел треба да го оценат напредокот на преговорите.

Тие тогаш може да се договорат или да ги продолжат преговорите по крајот на оваа година, што Џонсон упорно го одбива, или да се соочат со сериозни економски, финансиски и трговски штети ако Британија излезе без договор кој би ги ублажил последиците на раскинувањето на блиските врски со Унијата.

„Успех во нашите преговори ќе биде возможен ако се оствари реален напредок паралелно на сите полиња на преговорите“, кажа Барние и наведе дека, за да се избегне застој, потребен е напредок околу прашањето за еднаквите правила, закони и риболовот.

Британија ја напушти ЕУ на 31 јануаpи, а според договорот за раздружување, преодниот период трае до крајот на оваа година. За време на преодниот рок двете страни би требало да постигнат договор за идните односи, а Лондон ги почитува сите правила на ЕУ како да е членка, но не учествува во донесувањето на одлуките.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе