Вчера вечерта

Меј: Синоќа ја изразив мојата фрустрираност, но знам дека и пратениците се фрустрирани

„Знам дека пратениците од сите страни на дебатата имаат жестоки ставови и јас ги почитувам тие различни позиции. Синоќа јас ја изразив мојата фрустрираност и знам дека и пратениците се фрустрирани - тие имаат тешка задача“, рече вчера британската премиерка Тереза Меј.

Изјавата на Меј е реакција на нејзините коментари претходната вечер, кога го обвини парламентот за одложувањето на брегзитот, наместо да преземе и сама дел од вината.

„Се надевам дека сите ние можеме да се согласиме дека сега е моментот на одлука и јас ќе вложам максимални напори за да осигурам дека можеме да заминеме со договор и да ја придвижиме нашата земја напред“, рече Меј.

Подоцна, таа беше запрашана дали почувствувала дека треба да им се извини на пратениците, од кои некои велат дека добивале смртни закани и биле малтретирани поради брегзитот.

Таа одби да го стори тоа, велејќи: „Постојат жестоки ставови на сите страни на оваа дебата. И да, како што реков, минатата ноќ изразив фрустрации, но знам дека и пратениците се фрустрирани.“

Таа им се заблагодари на оние што се согласиле да го поддржат нејзиниот договор, како и на оние со кои таа се состанала за да разговараат за нивната загриженост во врска со договорот.

Лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ синоќа во Брисел постигнаа договор и ако британските пратеници го одобрат договорот што им го нуди премиерката Тереза Меј, излегувањето на Велика Британија од Европската Унија ќе биде поместено од 29 март на 22 мај.

Британските пратеници веќе двапати ја отфрлија спогодбата што беше договорена со Европската Унија, а ако го направат тоа повторно, Брисел ќе ѝ го даде на Меј рок до 12 април да соопшти по кој пат ќе тргне Британија.

Ако, сепак, пратениците го усвојат договорот, брегзитот треба да се случи на 22 мај.

Гардијан претходно објави дека на Лондон ќе му биде понудено одложување само до 7 мај. Исто така, на 9 мај се одржува самитот на Европската Унија во Романија и тогаш водачите на земјите-членки треба да разговараат за иднината на блокот без Велика Британија.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе