ЕУ: Растат тензиите со Русија, ситуацијата на границата со Украина е многу опасна

Европската Унија денес изрази жалење поради порастот на тензиите со Русија, со оценка дека ситуацијата на границата со Украина е „многу опасна“ и дека Москва е „одговорна“ за здравствената состојба на опозиционерот Алексеј Навални.

EPA-EFE

„Односите со Русија не се подобруваат. Напротив, тензиите растат во разни области“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел пред онлајн состанокот на министрите за надворешни работи на Унијата.

Москва порача дека војниците и вооружувањето се испратени на границата со Украина затоа што дознала дека Киев решил „етнички да ги исчисти“ Доњецк и Луганск, областите со главно руско население.

Борел зборуваше и за протерувањето на дипломатите меѓу Москва и Прага, како и за „многу загрижувачката“ здравствена состојба на Навални, кој беше префрлен во болница.

Како одговор на протерувањето 18 руски дипломати од руската амбасада во Прага во саботата, Русија синоќа прогласи за непожелни 20 дипломати од чешката амбасада во Москва, и им даде 25 часа да ја напуштат Русија.

44-годишниот навални почна штрајк со глад пред повеќе од три недели, во знак на протест што затворските власти не му дозволуваа да го прегледа надворешен лекар, поради акутни болки во грбот и рацете и губење на чувството во нозете.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе