ЕУ протера тројца руски дипломати, за Москва тоа е непријателски чин

Германија, Полска и Шведска протераа тројца руски дипломати денес во координирана одмазда против Русија, а Москва потегот го нарече „неоправдан и непријателски“.

EPA-EFE

Руското министерство за надворешни работи веднаш реагираше и објави дека протерувањето на руските дипломати било неоправдано и непријателско, пренесе агенцијата Интерфакс.

Европската комисија застана денес во одбрана на шефот на европската дипломатија Жосеп Борел поради посетата на Русија минатата недела кога Кремљ протера тројца европски дипломати.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков им кажа на новинарите денес дека протерувањето на дипломатите од Германија, Шведска и Полска се случило ден пред пристигнувањето на Борел.

Борел на својот блог вчера објави дека биле игнорирани неговите молби Русија да го сопре протерувањето, а поранешниот естонски шеф на одбраната и актуелен европратеник Рихо Терас почна кампања со која бара оставка на Борел.

Но Европската комисија објави дека не жали што Борел заминал за првпат во Русија како координатор на надворешната политика на ЕУ бидејќи Русија била на пат кон конфронтација која Борел се обидел да ја спречи.

„Патувањето беше неопходно. Не се откажува од патување затоа што тоа изгледа тешко“, кажа портпаролот на ЕК Ерик Мамер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе